Два фемицида во два дена. Како ќе тераме вака?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
collage-1

Инфлуенсерката која својот идентитет го крие и се претставува како Ина Многуфина, го искоментира убиството во Кочани, каде жена беше искасапена. Таа праша како ќе се тера вака, додека, политичкиот аналитичар и новинар, Ивор Мицкоски упати остри критики кон институциите.

— реклама —

„Да имавме построги казни, да ги заштитевме жените од демнење порано, да имавме поголема доверба во институции немаше сега да се деси Кочани и да дознаеме дека психопатот ја уценувал 7 цели години и ја убивал и финансиски и психички пред да ја убие со 41 убод! Два фемицида во два дена. Како ќе тераме вака? Ќе менуваме ли закони? Немојте само дека споро се менуваат закони, видовме дека може брзо. "Убиената кочанчанка неколкупати барала помош од полицијата поради напаѓачот"“, напиша Ина Многуфина.

— реклама —

Коментар и од Мицкоски.

— реклама —

„Јавното обвинителство попладнево соопшти дека денеска убиената кочанчанка немала поднесено ниту една пријава против убиецот за никакво насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот туку во јули годинава поднела пријава само за кривичното дело уцена. Притоа не објаснуваат дали постапиле и дали поднеле обвинение. Проста жена, требало да пријави насилство, па да ја игнорираат, као нешто да ќе значеше во распашанава команда, а као и да кога некој те уценува не се претпоставува дека жртвата е мета на насилство или потенцијално насилство. Статистичарот од МВР нека запали свеќа за жената и за безбедноста кога во два дена некој коле човек и пали стан, а пријавен “уценувач” убива жена со преку 40 убоди“, вели Мицкоски.

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Жена брутално убиена во Кочани - детали

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово беше лишена од живот жена на возраст од 46 години.Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење.Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода.Се постапува за расчистување на настанот и за испитување на мотивите.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања