„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Два инцидента со параглајдеристи во Крушево - еден во безсознание е итно пренесен во Скопје, другиот бил заглавен на дрво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
132768234

Два одделни инцидента со параглајдеристи денеска кај Мечкин Камен во Крушево го активираа Центарот за управување со кризи и итните медицински служби – едниот спортист заврши заглавен на дрво, а другиот со тешки повреди и бесознание беше итно евакуиран кон Скопје.

— реклама —

-Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случија два одделни инцидента со параглајдеристи.

Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не може безбедно да биде спуштен на земја. Веднаш е извршена координација со Дирекцијата за заштита и спасување со цел упатување на соодветен специјализиран тим за спасување на локацијата.

— реклама —

Во вториот случај, во истата област, друг параглајдерист при лет паднал и здобил тешки телесни повреди, со обилно крварење и состојба на бесознание, потврдено од страна на лекарската екипа која е веќе присутна. Поради сериозноста на повредите, побаран е итен медицински транспорт со воздухоплов до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Центарот за управување со кризи, во координација со Министерството за внатрешни работи, побара хеликоптерот Бел 412, кој беше ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, да биде веднаш преусмерен кон Мечкин Камен – Крушево. Хеликоптерот е во движење кон локацијата и се преземаат сите неопходни мерки за брза и безбедна интервенција.

ЦУК апелира до сите учесници во спортот на параглајдерство да ги почитуваат безбедносните протоколи и да бидат максимално внимателни при изведување на летови, велат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања