Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Два нови капитални објекти за граѓаните, систем за наводнување во Ранковце и градинка во Крива Паланка, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gradinka-2

СДСМ и институциите што ги предводи со вложувања во инфраструктруата, во капитални објекти од големо значење за граѓаните, ги унапредуват условите за живот и работа, за подобрување на стандарот на населението, вели СДСМ

„Во употреба е пуштен Системот за наводнување „Славишко поле” во општина Ранковце, со кој ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште.

— реклама —

Со овој организиран и модерен систем за наводнување, земјоделците во текот на целата година ќе имаат достапна вода за наводнување на земјоделските посеви и можност за значително зголемување на земјоделското производство, што е од особено значење во овој период на криза.

Со системот за наводнување „Славишко поле”, кој е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија, во вредност од близу 1,8 милиони евра, како дел од проектот на ИПА, нема да има загуби на вода што е од исклучително значење заради заштита на животната средина и на обновливите извори на енергија.

— реклама —

Приоритет на СДСМ е грижата за децата, како влог за иднината на нашата држава. За пет години се изградени, реконструирани и доградени 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца се зголеми за 4.300.

Со проширување на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.

— реклама —

Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка и дополнителни средства од општината, а објектот е целосно енергетски ефикасен.

Освен во објекти, во изминатиот период се вложува во јакнење на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки, решен е недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи.

— реклама —

Платите на вработените во градинките од 2017 година се зголемени за вкупно 36 отсто, а со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за повисоки плати во образованието.

СДСМ и во услови на светска економска криза продолжува со вистинска грижа за граѓаните и стопанството“, се вели во соопштњението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања