Секојдневното користење на мобилен интернет знае да биде вистинска мака кога врската е бавна – страниците тешко се отвораат, видеата кочат, а апликациите се спори. Но, постојат два едноставни трика кои можат значително да го подобрат искуството, особено кај корисниците на Android телефони.
Првиот е вклучување и исклучување на авионски режим. Со ова, телефонот ја прекинува врската со базните станици и по повторното вклучување се поврзува со најоптималната антена во близина. Овој „ресет“ често ја стабилизира конекцијата и носи побрз интернет.
Вториот трик е бришење на кеш меморијата. Со тек на време, телефоните зачувуваат привремени датотеки од апликации и веб-страници. Наместо да помагаат, тие знаат да го забават уредот и интернетот. Чистењето на кешот – преку интернет прелистувачот или во подесувањата на секоја апликација – може да ослободи простор и да ја подобри брзината.
Со овие два едноставни чекора, корисниците добиваат побрза и постабилна врска, без потреба од дополнителни апликации или сложени подесувања.