Промени тема
Контакт

Двајца браќа и се заканувале на извршителка дека ќе ја убијат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-3-640x382

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против двајца браќа од селото Добри Дол, општина Врапчиште кои се товарат дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Обвинетите, на возраст од 48 и 47 години, на 18 март ја загрозиле сигурноста на службено лице во вршење на службата, упатувајќи сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на извршителка од Гостивар. Тие дошле во службените простории на оштетената, која како службено лице презела извршни дејствија во предмет во кој двајцата се јавувале како должници. Откако им појаснила за што станува збор во предметот, тие започнале да и се закануваат дека не смее да им земе ниту еден денар или во спротивно ќе ја убијат. Извршителката настанот го пријавила во полиција.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања