Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Двајца доктори од Македонија во карантин, лице кое им држело предавања е позитивно на коронавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-1

Двајца доктори кои биле на предавање ќе се проверуваат дали се позитивни на коронавирус, откако кај еден од предавачите бил откриен коронавирусот, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека е мала веројатноста тие да се носители, но сепак ќе бидат во карантин.

— реклама —

„Во државата викендов се стигнати десетина автобуси и авиони. Сите патници се испрашани, немаме податок дека некој е заболен или дека некој од испрашаните бил во контакт со заболени лица. Бевме известени од СЗО дека двајца наши колеги, а кај еден од предавачите било потврдено дека е заболен од коронавирус. Докторите дошле во земјава во саботата доцна навечер, немале контакт со други луѓе освен семејствата. Ќе бидат тестирани, а ќе бидат и во карантин. Со оглед на тоа што велат дека со тој предавач немале контакти, со оглед на малата експоненција, сметаме дека е исклучително мал ризикот да бидат носители или преносители“, рече Филипче.

Тој извести дека единствената заболена пациентка е добро, односно дека веќе трет ден нема температура, што значи дека се стабилизира состојбата и дека пациентката е во рана фаза на опоравок.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања