Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Двајца кумановци со кривични пријави заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
korona-virus-4

СВР Куманово на 19.03.2020 година до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Н.Т. (39) и против Н.К.(50), двајцата од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 ст.1 од Кривичниот законик на РСМ.

Н.Т., враќајќи се од Италија, како високо ризична земја утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 15.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Ќафасан“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

— реклама —

Пријавениот Н.К., враќајќи се од Австрија како високоризична земја, утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 16.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Деве Баир“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања