Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Двајца мажи во Загреб пренесени во болница поради сомнежи за коронавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
koronavirus

Во загребската инфективна болница „Др. Фран Михајлевиќ“, примени се двајца мажи под сомнение за коронавирус, соопшти денеска хрватскиот министер за здравство, Вили Берош.

— реклама —

Тој соопштил дека хоспитализираните лица засега немаат сериозни здравствени проблеми, а дали се заразени од коронавирус ќе се знае по спроведените испитувања и тестирања, објави порталот „Индекс.хр“.

— реклама —

„Едниот од нив престојувал во Кина повеќе од еден месец и таму имал вирусно воспаление, но оздравел. Сепак, кога се вратил во Хрватска почнал да кашла. Другиот е Кинез кој дошол од Белгија, а чија мајка била во Кина. Таа е здрава, а тој сега има некаква вироза“, рече Берош.

Веројатно и двајцата ќе бидат ставени во карантин додека не се утврди за што точно се работи.

— реклама —

Досега во Хрватска се спроведени неколку тестирања на сомнителни случаи, но ниту еден од нив не бил коронавирус.

— реклама —

извор: Makfax

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања