По вооружениот инцидент денеска во Тетово, на хируршките клиники во Скопје се примени четири лица со тешки телесни повреди, информира Министерството за здравство.
• КАРИЛ – 32-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош.
• Детска хирургија – 12-годишно дете со прострелна рана во десната натколеница.
• Торакална хирургија – 37-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош.
• Трауматологија – 60-годишен маж со скршеница на десната потколеница.
Сите повредени се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.