„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Двајца скопјани обвинети за тешка кражба од возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
krazba-na-kola-701x466

— реклама —

Обвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од чл. 236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Скопје.

— реклама —

Обвинетите, на 18 ноември, на ул. „Њуделхиска“ во Скопје, на паркинг простор пред еден супермаркет, се приближиле кон паркиран автомобил „Форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, со употреба на сила дејствувале на стаклото од совозачката страна и го скршиле. Тие од совозачкото седиште одзеле женска чанта во која имало пари и други предмети во вкупна вредност од 15.000 денари.

За еден од обвинетите на сила се определените мерки на претпазливост, додека за другиот, надлежниот јавен обвинител процени дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, особено затоа што тој и претходно бил сторител на ваков вид кривични дела. Од тие причини јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за ова лице.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања