Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Двајца скопјани подлегнаа на иста измама, им земале околу 15.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
k15

На 17.06.2022 во 13.40 часот во Полициската станица Гази Баба, 37-годишен жител на скопско село пријавил дека ма 12.06.2022 бил измамен од едно лице за сума од 15.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило претходно и се претставило дека е од Тетово и побарало од него да се најдат во Тетово да договорат транспорт на вештачка трева. Подоцна, како што е пријавено, лицето повторно му се јавило и побарало од него после наплатната станица Глумово од едно лице да земе и да плати автомобилски делови, а кога ќе пристигне во Тетово ќе му ги врати парите. Исто така, според пријавеното, лицето не се појавило на договореното место во Тетово, по што тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

На 17.06.2022 во 21.40 часот во СВР Скопје, 44-годишен скопјанец пријавил бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари. Според пријавеното, околу 09.45 лицето му се јавило и се претставило дека е од Тетово и се договориле да му изврши транспорт на разни материјали до Бугарија за одредена сума на пари. Како што е пријавено, подоцна лицето повторно му се јавило и побарало после наплатната станица Глумово од едно лице да земе и плати автомобилски дел, а кога ќе пристигне во Тетово ќе му ги врател парите. Исто така, според пријавеното, откако го зел делот неколку пати се обидел телефонски да го добие лицето, но тој не се јавувал, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања