Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Двајца турски државјани со закани земале 43,8 килограми злато од гостиварско семејство и го принудиле да потпише договор за имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library5p69iekkr9u05zSKcSu
Photo by Jingming Pan on Unsplash

Двајца турски државјани се соочуваат со кривична пријава за изнуда, откако, според сомнежите на полицијата, со закани и уцени присилиле двајца жители на Гостивар да преземат финансиски дејствија на сопствена штета.

— реклама —

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Т.Д. (55) и З.Д. (54), двајцата од Турција, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

— реклама —

Според пријавата, двајцата, во периодот од 2019 до 2026 година, преку закани го принудиле 66-годишен жител на Гостивар, заедно со неговиот 41-годишен син, да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама.

Како што информира МВР, пријавените самоволно ја определувале вредноста на златото како стопена суровина, наместо како изработени производи, кои имале значително повисока пазарна вредност.

— реклама —

Дополнително, во текот на февруари 2025 година, според полициските наоди, двајцата со уцени и заканувачки пораки упатени кон синот и неговото семејство го принудиле 66-годишниот гостиварец да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот.

— реклама —

Во пријавата се наведува дека содржината на преддоговорот не му била прочитана пред нотар во Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведен 49-годишен скопјанец во Драчево, во автомобилот му пронашле дрога и вага

Македонија | пред 35 минути

— реклама —
policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 18 часа

uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 20 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања