Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Двајца возачи уапсени во Тетовско, возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Двајца возачи биле лишени од слобода во Тетовско откако полициските службеници при сообраќајни контроли утврдиле дека управувале возила без возачка дозвола. Во еден од случаите биле пронајдени и огревни дрва без соодветна документација.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 октомври, во 18:25 часот, на регионалниот пат меѓу селото Јегуновце, Тетовско, и селото Радуша, Скопско, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце запреле автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека 40-годишниот М.Р. од Радуша го управувал возилото без возачка дозвола, по што бил лишен од слобода. Автомобилот е одземен, а по документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —
— реклама —

Подоцна, во 19:30 часот, во селото Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин запреле автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот И.Б. од селото Стримница. И кај него било утврдено дека возел без возачка дозвола.

— реклама —

При прегледот на возилото, во багажниот простор биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација и моторна пила. Возилото и дрвата се одземени и задржани, а против возачот по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 14 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 14 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања