Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) објави снимки од заплената на товарниот брод MSC Epaminondas, кој бил пресретнат во Ормушкиот теснец, при што во истата операција биле запленети и пренасочени и бродовите MSC Francesca и Euphoria.

— реклама —

Според неофицијални информации, на бродот MSC Francesca се наоѓаат и двајца државјани на Хрватска, покрај претходно потврдените четворица поморци од Црна Гора. Од надлежните институции засега нема официјална потврда за нивниот статус, но неофицијално се наведува дека се безбедни и дека нивните животи не се загрозени.

— реклама —

Бродот MSC Francesca е голем контејнерски брод долг 363 метри и широк 46 метри, со капацитет од над 11.000 контејнерски единици, кој плови под панамска знаме, а е во сопственост на компанијата Mediterranean Shipping Company.

Иранските власти тврдат дека запленетите бродови „делувале без соодветни дозволи“ и ја загрозиле поморската безбедност во регионот, додека од американската страна се наведува дека не се смета дека се работи за прекршување на примирјето.

— реклама —

Од поморските безбедносни служби е издадено предупредување за зголемени ризици во Ормушкиот теснец, една од клучните светски поморски рути.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 14 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања