Две апсења на скопскиот аеродром имало во текот на вчерашниот ден. Полицијата запрела патници бидејќи останале во Македонија подолго од тоа што им било дозволено.
На 06.01.2024 во 11.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром – Скопје“, на излез од државата, била приведена Е.А.(18) од Р.Турција. При извршена пасошка контрола во оперативната евиденција било констатирано дека таа го пречекорила дозволениот туристички престој во државата. Е.А. била предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.
На 06.01.2024 во 13.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, на излез од државата, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција на А.Ф.(19) од Р.Турција, било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој во РСМ. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.