Две апсења во Скопје во текот на ноќта, од кои едниот уапсен е малолетник.
„Во 11.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.12.2023 во 14.30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана“, велат од МВР.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.