Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Две деца повредени во сообраќајна несреќа, тинејџер удрил во нив и избегал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Деветнаесетгодишен возач со автомобил удрил во две деца во Скопје и избегал. Двете деца биле повредени во несреќата и пренесени се во болница, а едното од нив се здобило со тешки повреди.

— реклама —

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечер околу 22 часот, на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Аминта трети“ кога М.Х. (19) со „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што избегал.

— реклама —
— реклама —

Децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.

— реклама —

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања