Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Две фирми ќе бидат гонети за трагедијата со лифтот во Охрид каде загина младиот охриѓанец, градилиштето било небезбедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-librarylug0qgcf722qayucQaY

Трудовиот инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми поради стравичната трагедија во која при пад во отвор за лифт животот го загуби 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, објави ТВ Алфа.

— реклама —

По двонеделна темелна контрола на околностите под кои се случи несреќата, трудовите инспектори утврдиле дека двете фирми не ги исполнувале законските прописи за безбедност и здравје при работа на градилиште. Во интерес на истрагата, засега не се соопштува за кои компании станува збор.

Според утврденото, младиот работник, вработен во фирма за уредување на ентериери, настрадал додека заедно со колега пренесувал дел од лежај долг речиси два метра во зграда во изградба. Во еден момент, тој паднал во незаштитен отвор за лифт.

— реклама —

Инспекциските служби донеле решение за времена забрана за работа на градилиштето за сите правни субјекти вклучени во објектот – инвеститорот, изведувачот и надзорот – сѐ до отстранување на утврдените неправилности.

За небезбедните услови сведочи и таткото на починатиот, Валентин Љушев, кој неколку дена пред трагедијата бил на градилиштето за да му го донесе паричникот на синот.

„Влегов слободно во зградата и уште тогаш видов отвори, дупки за лифтовите без никаква заштита и без огради. Мене ме фати страв и веднаш му реков на син ми да внимава, бидејќи беше страшно. Детето никој не може да ми го врати, но очекувам правда и некој да одговара“, изјави тој.

Од надлежните институции најавуваат дека по целосното документирање на случајот, кривичните пријави ќе бидат доставени до обвинителството, кое ќе одлучи за понатамошните чекори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg9sl1qlofg1c5Q5exrz

Канаѓанец загина во протестите во Иран: „Страдаше од раката на режимот“

Свет | пред 1 месец

lefkada-brza-pomos

Тешка сообраќајна несреќа кај Богданци – возач загина откако излетал од патот!

Македонија | пред 7 месеци

policija-hrvatska-51

Местото „Ливади“ кобно за 70-годишен човек, загина откако камион удрил во неговото возило

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5168

Загина 16-годишен мопедист на патот Охрид-Свети Наум, излетал од патот

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања