Две години од автобуската несреќа кај Ласкарци. Две години полни со лоши сеќавања, страшни сцени, повици за помош што останале во главите на оние кои беа во автобусот.
Во долгата листа на херои што несебично се жртвуваа за да спасат животи се лекарите, полицајците, жителите на Ласкарци, случајни минувачи, пожарникарите...
Командантот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, беше во првите редови за помош на повредените патници. Стоеше рамо до рамо со командантот на чета, Владимир Кочовски, и пожарникарот Мартин Божиновски.
Редакцијата на МКД.мк пред две години неколку дена по кобната несреќа го објави потресното сведоштво на храбриот пожарникар Божиновски, кој прв заедно со Кочовски влезе во превртениот автобус. Тие двајца беа единствените чии очи го видоа хаосот во превртеното возило тешко 15 тони.
Бремената патничка остана во сеќавање на спасувачите како личност што носи храбро срце, смирен карактер и која иако во себе носела друг живот, останала стабилна и не испуштила ниту еден вознемирувачки глас.
Неа прва ја спомнуваме во разговорот со Симоновски, кој е пожарникар 22 години, но никогаш претходно не видел настан како Ласкарци. За тогаш повредената трудница, вели дека е храбрата патничка што ја преживеа несреќата и денес е мајка на бебенце.
Текстот во целост на: МКД.мк