Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Две години од кобната несреќа во Бугарија кога згаснаа животите на 45 лица, меѓу кои 12 деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-1

Се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца.

На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија. До денеска истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија, глвна причина е човечка грешка.

— реклама —

Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час.

— реклама —

„Времето во кое ја виде заштитната ограда и се обиде да реагира беше само 1,8 секунди, што беше недоволно и не можеше да реагира поради оваа голема брзина“, изјави портпаролот на Националната истражна служба (НСЛС) Маријан Маринов.

— реклама —

Според инспекторите, автобусот се запалил за неколку минути.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања