Блокада му се заканува на Државниот завод за ревизија. Речиси две години Собранието не може да ја заврши постапката за избор. Мандатот на државниот ревизор истече во декември 2017-та. Оттогаш со институцијата што се смета за чувар на јавните пари раководи заменикот Насер Адеми, а на 4-ти октомври истекува и неговиот мандат. Доколку Собранието не избере нов ревизор, нема кој да ги потпишува ревизорските извештаи, годишните програми за работа, ниту пак платите за вработените и институцијата од наредниот петок ќе биде во целосна блокада.
Пратениците на владејачкото мнозинство, СДСМ и ДУИ се уште не постигнале договор за прв човек на Државниот завод за ревизија.