Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Две години затвор за еден од 14-те велешани обвинети за сексуална злоупотреба на 15-годишно дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Еден од 14-те обвинети велешани, кои се товарат по различни кривични дела за сексуалната злоупотреба на 15-годишно дете од Велес, го признал делото и Основен кривичен суд Скопје му изрече затворска казна.

— реклама —

„Обвинетиот Р. А. (27 ) од Велес, обвинет за кривичното дело Силување од чл. 186 ст.2 вв ст.1 ја призна вината и досудена му е неправосилна пресуда од 2 години затвор. На лицето му е определен куќен притвор до правосилноста на пресудата, а за сите останати постапката продолжува со исклучена јавност по предлог на јавниот обвинител“, соопштија од Основен кривичен суд Скопје.

— реклама —

Во јануари годинава oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот. Во соопштението се велеше дека првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

— реклама —

„Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.“, пишуваше во соопштението.

— реклама —

За кривичните дела трговија со дете и полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку осум години, додека за производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања