„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Две годишно дете најмлад пациент заболен од корона вирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Најмладиот пациент заболен од коронавирус во земјава е двогодишно дете од Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Министерот додаде дека позитивни на коронавирусот се и неговите родители и дека сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

— реклама —

Министерот за здравство информира дека во добра здравствена состојба се и тројцата пациенти во Охрид и оти и тие имаат лесна клиничка слика.

– Во изолација се ставени 10 лица кај кои се уште не е поминато времето за инкубација и кај кои ќе се направи тестирање кога тој период ќе помине, рече Филипче.

— реклама —

Филипче информираше дека во Куманово инфицирани се двајца доктори и една медицинска сестра од Куманово.

„Во кумановската болница вчера се работеше интензивно, се правеа интервјуа, се анализираа првични и секундарни контакти, сите во врска со починатата пациентка. Има пет позитивни лица, од кои тројца се здравствени работници, двајца доктори и една медицинска сестра. Земени се вкупно 63 брисеви, како од болницата, така и членови на семејството, согласно кои резултати ќе се направи план за работа на целата болница“, изјави Филипче.

Министерот информираше дека набавена е терапија која покажала дека дава резултати против коронавирусот. Оваа терапија од утре ќе им се дава на одредени пациенти. Станува збор за Комбинацијата од хлоркинин и азитромицин.

„Веќе од утре терапијата со хлоркинин и азитромицин ќе биде аплицирана на пациентите кај нас, и оние кои се во домашните и во болничките услови. Прво е потребна проценка на клиничката состојба, се дава кај одредена група, не кај сите“, рече Филипче.

Министерот прашан за тоа со кои други приватни установи ќе биде склучен договор со ФЗОМ за тестирање, рече дека денеска раководителката на лабараторијата при ИЈЗ воспоставила контакст со сите лабаратории кои имаат контакт да прават тестирање и имаат соодветна опрема и механизам за изработка.

– Откако ќе се утврди дека со соодветна начин на технологија се изработуваат тестовите односно дека се резултатите валидни, со цел да се зголеми капацитетот за теститирање ќе се склучат договори со сите со кои ќе се утврди дека е согласно сите протоколи на работа, рече на прес-конференцијата Филипче.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања