Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Две лица од Радолишта приведени поради нелегално оружје, пронајдени пиштоли и муниција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
oruzje
Илустрација

Две лица од струшкото село Радолишта се приведени откако полицијата при контрола на возило и последователни претреси пронашла оружје и муниција за кои не поседувале соодветна дозвола.

— реклама —

Како што соопшти МВР, на 6 август околу 22:45 часот, на локалниот пат кај селото Вишни, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ. (31). Во возилото се превезувале уште Е.Љ. (35), Л.З. (49) и Б.Љ. (58), сите од Радолишта.

— реклама —

При контролата бил пронајден пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ., за кој тој поседувал дозвола, додека кај Л.З. бил пронајден пиштол „Застава“ без соодветна дозвола. Л.З. бил лишен од слобода поради сомнение за кривично дело според член 396 од Кривичниот законик, а Б.Љ. бил приведен согласно Законот за оружје.

— реклама —

По наредба на суд, биле извршени претреси и во домовите на двајцата. Кај Л.З. не биле пронајдени други предмети, додека кај Б.Љ. полицијата пронашла и одзела репетирачка пушка за која поседувал дозвола, како и пневматско оружје, пиштол и муниција од калибар 9 милиметри за кои немал соодветна дозвола.

— реклама —

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, а по неговото целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 5 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 6 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања