Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Две лица под истрага, биле дел од ИСИС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Islamisti-dzihadisti-islamska-drzava-ISIS-2

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца македонски државјани за кои постои основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Служба во непријателска војска од чл. 322 ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметниот јавен обвинител беше спроведена синхронизирана полициска акција во Скопје и во Република Франција која е резултат на повеќемесечна меѓународна и меѓуинституционална соработка. Во акцијата во Скопје се лишени од слобода две лица, додека во Р.Франција едно лице – македонски државјанин. Осомничените, во 2014 година ја напуштиле територијата на РМ, по што пристигнале во Сирија, место кое било под вооружен судир помеѓу припадниците на Исламска држава – ИСИС и меѓународните коалициони сили. Од месец април до месец август 2014 година, како македонски државјани и граѓани, станувајќи припадници на терористичката организација – Исламска држава – ИСИС учествувале во вооружените судири.

— реклама —
— реклама —

Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

— реклама —

Исламска држава – ИСИС од страна на ООН е прогласена како терористичка организација и согласно одредбите во Кривичниот законик граѓанин на РСМ кој за време на војна или вооружен судир служи во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации ќе се казни со затвор најмалку три години.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања