Промени тема
Контакт

Две лица повредени при пад на летало во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Балкан
media-librarylsvio1u033fo6VjGC6d
Photo by Jacques Nel on Unsplash

Две лица се повредени денеска при пад на моторен змеј на подрачјето меѓу Сењ и Свети Јурај во Хрватска.

— реклама —

Од Полициската управа личко-сењска информирале дека пријавата за несреќата била примена во 13:57 часот. Првично било пријавено дека се урнал параглајдер, но подоцна било утврдено дека станува збор за моторен змеј.

На местото на несреќата биле упатени полициски службеници од Полициската станица Сењ, припадници на Јавната противпожарна единица од Сењ и екипа на Хрватската горска служба за спасување од Госпиќ.

— реклама —

Двете лица биле пронајдени во подрачјето на местото Некиќи. Тие се здобиле со полесни телесни повреди и немале видливи скршеници, но биле пренесени во Клиничкиот болнички центар во Риека за дополнителни прегледи.

— реклама —

Од полицијата соопштија дека повредените не се животно загрозени, но лекарските прегледи треба да исклучат можни внатрешни повреди. Двете лица се хрватски државјани.

На местото на падот се врши полициски увид, а за несреќата се известени и Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, како и надлежното жупаниско државно обвинителство.

— реклама —

Причините и околностите за падот засега не се познати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryor0v9a9fvj2q5gnjhBc

Евакуиран авион на „Ер Србија“ во Сплит по дојава за бомба, уапсен 75-годишник

Балкан | пред 5 часа

— реклама —
media-library3qoo07dtm5e68pKJCaB

Хрватски ресторански критичари го посетија „Македонски мерак“ во Загреб: „Турли тавата е причина да се вратиме“

Патувања | пред 4 дена

evra

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7 отсто за една година

Балкан | пред 4 дена

media-libraryopbbvkghoaava0Q7SPj

На 65 години почина поранешната хрватска министерка Андреа Златар Вјолиќ

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања