Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Две лица позитивни на ковид-19, наместо во изолација излегле да гласаат во Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
glasanje-makedonija

Две лица, на возраст од 72 и 67 години, иако биле позитивни на ковид-19 и биле на списокот за изолација излегле на гласачко место детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип, а случајот во СВР Штип го пријавил член на Избирачкиот одбор. Како што објави МИА, и двајцата биле на списокот за изолација од вчера. За случајот е известен и јавен обвинител по чија насока по комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева вели дека процесот на гласање на гласачкото место не е прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција.

— реклама —

Инаку, до 13 часот излезноста во Штип била 16,61 отсто, односно гласале 6.938 граѓани на 77 избирачки места.

— реклама —

На гласањето во Пласница до 13 часот одѕивот е 22,35 отсто, односно гласале 1.107 избирачи.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања