Во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода две лица поради нарушување на јавниот ред и мир.
Според информациите, лицата се однесувале агресивно и непристојно на јавен простор, по што интервенирала полицијата и ги привела.
По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.