Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Две лица ранети за време лов на диви свињи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
puska

Две лица со прострелни рани од огнено оружје вчера биле хоспитализирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се работи за 32-годишен жител на скопското село Морани и 44-годишен маж од село Дејковец, општина Зелениково. Како што изјавиле пред полициски службеници, повредите ги добиле со ловна пушка од нивен другар од Студеничани, додека ловеле диви свињи.

— реклама —

На 20.11.2019 околу 17.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје биле донесени две лица.

Според пријавеното, по преземени мерки утврдено е дека станува збор за лицата Н.М.(32) од с.Морани, скопско, и Н.Ф.(44) од с.Дејковец, општина Зелениково. Двајцата повредени, во разговор со полициски службеници, изјавиле дека биле повредени со ловна пушка, од нивниот другар Т.Ш.(34) од с.Студеничани, скопско, околу 15.00 часот во близина на с.Дејковец, додека ловеле диви свињи

— реклама —

Со Т.Ш. бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања