Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Две недели без клучни лекови на Онкологија – „за тендери има, за живот нема“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
onkologija-41

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, обвини дека веќе две недели на Клиника за онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак, оценувајќи ја состојбата како „скандалозна и недозволива“.

— реклама —

Според неа, меѓу терапиите што недостасуваат се Фезго, Палбоциклиб, Рибоциклиб и други основни лекови без кои, како што нагласи, не може да продолжи третманот на пациентите.

Младеновска предупреди дека ваквата состојба создава неизвесност, страв и агонија кај пациентите кои се борат за својот живот, потенцирајќи дека секој изгубен ден без терапија може да значи влошување на здравствената состојба.

— реклама —

Таа ја обвини власта дека не обезбедува средства за лекови, додека, според неа, се трошат значителни средства преку тендери, наведувајќи примери за, како што рече, високи износи доделени на одредени компании.

— реклама —

Дополнително, посочи дека состојбата во здравството е сериозно нарушена, со проблеми на повеќе нивоа, вклучително и односот кон медицинскиот кадар.

Во контекст на институционалната одговорност, таа го спомена и Фонд за здравствено осигурување, оценувајќи дека потребни се итни мерки за надминување на состојбата.

Од СДСМ бараат итна истрага за причините за недостигот на лекови и утврдување одговорност кај сите инволвирани, нагласувајќи дека пациентите не смеат да бидат жртви на, како што велат, нефункционален систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 14 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 17 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања