Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Две нови средни училишта ќе се градат во Ѓорче Петров и Драчево, најави Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Скопје
media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

Град Скопје обезбеди средства за изградба на две целосно нови средни училишта – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. Средствата се предвидени со усвоениот ребаланс на градскиот буџет, а изградбата ќе се финансира со сопствени средства на Град Скопје.

— реклама —

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека станува збор за исполнување на ветување од неговата предизборна програма, посочувајќи дека учениците и наставниците во овие училишта подолго време работат во несоодветни услови. Целта е да се создадат современи простории за образование и развој на младите.

— реклама —

Ѓорѓиевски информираше и дека заклучно со 30 септември 2026 година Град Скопје реализирал капитални инвестиции во висина од 1,1 милијарда денари, што, според него, претставува историски резултат за третиот квартал. Во споредба со истиот период од првите години на мандатите на претходните градоначалници, реализацијата е повисока за 67,56 проценти во однос на 2018 година и за 35,27 проценти во однос на 2022 година.

— реклама —

Како што наведува градоначалникот, резултатите се постигнати со намалување на непродуктивните расходи и подобрување на наплатата на приходите. Со ребалансот, заштедите се насочуваат кон капитални проекти, инфраструктура и субвенции за граѓаните.

— реклама —

Ѓорѓиевски им се заблагодари на советниците кои го поддржале ребалансот, но и на оние кои не гласале за него, нагласувајќи дека изградбата на двете училишта е обврска кон идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vesna-janevska

Се проширува инклузивноста во образованието: Од новата учебна година, образовни асистенти и во средните училишта

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања