Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Две постапки против дилери на дрога во Скопје, еден осомничен за помагање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

— реклама —

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице кое му помогнало да го стори кривичното дело.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 35-годишник од Скопје, кај себе и во непријавено привремено престојувалиште на улицата “Церска”, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 4802,4 грама, кокаин во вкупна нето маса од 62 грама, како и психотропна супстанца – 3, 4 метилен – диоксиметамфетамин во вкупна маса од 7 грама.

Помагачот, 30-годишник од Штип, му помогнал во извршување така што му дал на располагање средства за да го стори кривичното дело, односно му овозможил да ја користи куќата во која самиот престојувал врз основа на склучен договор за закуп со трето лице.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и против 33-годишник од Крива Паланка кој непријавено престојувал во викенд куќа во Чучер Сандево, каде при претрес му биле пронајдени 952 грама амфетамин, 19,56 грама кокаин, околу половина килограм марихуана, 14,6 милилитри хашиш во шест шприцови, како и семки од канабис со вкупна нето маса од 9,62 грама.

И за овој осомничен обвинителството предложи мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања