„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Две светски премиери на Дарија Андовска во Токио и Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин

Вечерва, во Tokyo Opera е светската премиера на „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска.

— реклама —

Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Kazuhiro Kotetsu, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

— реклама —

Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила“ за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска.

Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релациа Франција - Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски - сопран, Елена Стојческа - флејта и Маријана Николоска - пијано.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност - Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања