Две тепачки во раните утрински часови во Охрид: меѓу тепачите и малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Охрид
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Секторот за внатрешни работи Охрид информира за две физички пресметки кои се случиле вчера во раните утрински часови, при што се нарушен јавниот ред и мир, а едно лице се здобило со повреди.

— реклама —

Првиот инцидент бил пријавен во 03:50 часот на улицата „Наум Охридски“, каде според полицијата, дошло до тепачка во која учествувале повеќе лица. Со телесни повреди се здобил 21-годишниот А.Ч. од Скопје. По преземени мерки, биле приведени двајца скопјани – К.К. (20) и П.М. (19), а се работи на целосно расветлување на случајот. СВР Охрид најавува соодветни пријави.

— реклама —

Вториот случај се случил во 05:15 часот пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, каде бил приведен Е.И. (20) од Охрид, кој, според полицијата, се степал со две малолетни лица од Скопје. И овој настан е документиран и ќе биде проследен со соодветна кривична пријава.

— реклама —

Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од насилно однесување, особено во туристичката сезона кога градот е под засилено полициско присуство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања