Од повредените во несреќата во Лесковац, двете патнички кои беа најтешко поврдени се борат за живот, откако на едната од нив состојбата ѝ се влошила, дознава „Блиц“.
Се работи за С.Т. и И.Ј., кои се хоспитализирани на Клиниката за анестезија и интензивна терапија во Ниш и кои и понатаму се приклучени на машина за дишење и животите им се загрозени.
Останатите четворица повредени кои се лекуваат во Клиничкиот центар во Ниш се вон животна опасност.
С.Т. има повреда на карлицата и е интубирана, но е во животна опасност. На машина за дишење е и пациентката И.Ј. која доминантно е загрозена поради фрактура на пршлен со заканувачка компресија на ’рбетниот мозок. Нејзината состојба е влошена и таа е животно загрозена.
Во единицата за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија се наоѓаат Р.Д. и пациентката А.К., кои се стабилни, свесни и вон животна опасност, изјавил директорот на Клиниката, проф.д-р. Радмило Јанковиќ.