Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Две жени се прегазени во Скопје и еден судар во Битола, три сообраќајни несреќи во еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-32-9790PM

Во текот на 8. јануари 2026 година се случиле три сообраќајни несреќи во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

— реклама —

Во 06:50 часот, во селото Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен жител на Петровец, удрило во 61-годишна жена од Скопје. Повредената била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

— реклама —

Во 12:00 часот, на крстосницата меѓу улиците „Московска“ и „Женевска“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишен жител на Скопје, удрило во 74-годишна жена од Скопје. Таа со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

— реклама —

Во 14:54 часот, на крстосницата од улиците „8 Септември“, „Крсте Нале“ и „Раштанска“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од 19-годишен жител на Битола, и патничко возило „опел астра“, управувано од 46-годишна жена од селото Кукуречани. Жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.

— реклама —

За сите три сообраќајни несреќи бил извршен увид од надлежни полициски екипи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 6 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 6 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања