Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Двете лица кои пристигнаа од Кина се без симптоми и ставени под здравствен надзор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Screenshot_31-2

Доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека вчера во државата се пристигнати две лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“.

Станува збор за лица кои веќе биле во самоизолација во времетраење од 14 дена во Кина.

— реклама —

- Со полна заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот, постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација овие лица немале никакви знаци на клиничка симптоматологија, истакна д-р Караџоски.

— реклама —

Согласно протоколите, двете лица се ставени под здравствен надзор од 14 дена во соба за изолација.

— реклама —

- Сите лица кои ќе пристигнуваат од Кина, ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисеви, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на коронавирус, и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор согласно законските регулативи и прописи, додаде д-р Караџоски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања