Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_4700

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „единство и солидарност“, во Ресен одржа вонреден тематски конгрес.

„Во регионот каде што се потпиша историскиот преспански договор, делегатите на ТХП дискутираа за повеќе важни теми. Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, во своето излагање се осврни на успешно заокружениот процес на решавање на проблемот со Р.Грција, со што се отворија вратите на НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека особено важно е што во овој процес и пратениците со турско потекло од грчкото собрание дадоа силна поддршка. Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат“, пишува со оопштението на ТХП.

— реклама —

На конгресот освен за резимето од досегашниот учинок на ТХП, се дискутирало и за чекорите кои треба да се превземат во следниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања