Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дводневна работилница за поголема соработка и кохезија меѓу заедниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Македонија
media-libraryf82vaunq629gb6DFkS1

Во Скопје започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2027–2032 година. Работилницата ја отвори шефот на Кабинетот на Министерството за односи меѓу заедниците, Шпенд Муратти, на 12 ноември.

— реклама —

На средбата учествуваат претставници на Собранието, извршната власт, министерствата и државните агенции, како и експерти од соодветните области. Процесот се спроведува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства.

— реклама —
— реклама —

Учесниците ги разгледуваат досегашниот тек на подготовките, резултатите од претходните консултации и искуствата од примената на претходните стратегии, споредувајќи ги и со други стратешки документи и меѓународни практики.

— реклама —

Во фокусот се недостатоците и актуелните предизвици, како и мерките за надминување на предрасудите, поделбите и говорот на омраза. Целта е да се предложат конкретни решенија и остварливи цели што ќе придонесат за подобра соработка меѓу заедниците, еднаков пристап, правична застапеност и посилна општествена кохезија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања