Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Venecijanska-komisija

Поради стравот дека обидот за воведување на двојазични униформи со закон ќе биде блокиран од Левица, Владата на Ковачевски противуставно донесе скандалозна Уредба со која униформите на полицијата стана двојазични, вели Левица

— реклама —

„Токму Законот за двојазичност беше оспорен од Венецијанската комисија при Советот на Европа, за што поранешниот премиер Заев изјави дека ќе биде земено во предвид поради евроинтегративните процеси.

— реклама —

Венецијанската Комисија, изјаснувајќи се по Законот за употреба на јазиците, истакна дека Законот ги надминува европските стандарди во однос на правото на употреба на малцинските јазици и се оди предалеку со наметнувањена нереални законски обврски на државните институции.

— реклама —

Во негативното мислење на Венецијанската комисија, опфатен е и делот со јазикот на службените униформи, каде е наведено дека повеќејазичните униформи се речиси непознат феномен (без разлика дали се работи за униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)!

Иако изјавите по донесувањето на Законот за двојазичност гласеа дека Владата пред практичната употреба на истиот ќе побара мислење, а забелешките на Венецијанската комисијата ќе бидат спроведени – сепак добиеното негативно мислење од 2019 година тотално се изигнорира, во духот на диктаторското владеење на СДС и ДУИ.

Потсетуваме дека единствено Левица се изјасни и ја оспори скандалозната Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата пред Уставниот суд. Со воведувањето на двојазичните униформи, се погазија европските институции и повторно се докажа подреденоста на СДСМ во однос на ДУИ и нивните апетити за федерализација.

Истовремено, преку молкот на Христијан Мицкоски се покажаа и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ за идно формирање на влада со ДУИ, на сметка на унитарниот карактер, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања