Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Двојно признание за Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryi00l0nnrpe27ebFV7cl

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, освоија две фестивалски награди на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026 за своите улоги во претставата „Страв и надеж“.

— реклама —

Кочовска ја доби наградата за најдобра женска епизодна улога, додека Михајловски беше награден за најдобра машка епизодна улога. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од годинашната фестивалска програма.

Жирито во образложението ја истакна нивната заедничка сцена, оценувајќи дека нивната игра била трагикомична и исполнета со човечка топлина.

— реклама —
— реклама —

Одлуката ја донесе стручно жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, како претседател, Даница Максимовиќ и Стеван Вуковиќ. Наградите на свеченото доделување ги прими директорот на МНТ, Никола Кимовски, во име на наградените актери.

— реклама —

Од Македонскиот народен театар посочуваат дека ова признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на Кочовска и Михајловски, кои како тандем добиваат фестивалски награди на различни театарски фестивали за различни претстави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања