Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

DW: Ни Берлин, ниту Париз не поддржуваат алтернативи за ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pendarovski-mas

Во два дена- две клучни пораки од европските центри- ни Франција, ниту Германија не поддржуваат алтернативи на полноправното членство во ЕУ за земјите од Западен Балкан. Ќе треба ли сепак да се бира меѓу Берлин и Париз?

— реклама —

По разногласието кое се создаде по самитот на ЕУ во Брисел и стравувањата дека земјите од Западниот Балкан би можеле на подолг рок да ја загубат европската перспектива, изминативе два дена стигнаа смирувачки тонови од Берлин и Париз кои повторно го враќаат фокусот на стратегијата за проширување.

— реклама —

Најпрво во вторникот, шефот на државата Стево Пендаровски по средбата со Емануел Макрон во Париз, изрично кажа дека од францускиот претседател добил уверување дека Франција не се залага и не нуди никаква алтернатива за полноправното членство, објави Дојче Веле.

— реклама —

„Ми рече прецизно – никогаш не била неговата намера да ни даде алтернатива на полноправно членство. Само, вели, сакам да го подобрам процесот, да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите кандидати“, пренесе Пендаровски.

— реклама —

Текстот во целост на: Дојче Веле 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања