Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Џафери: Бугарија дава огромна поддршка за евроатлантските аспирации за Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bg-4

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

На средбата, двајцата соговорници го изразија задоволството за ратификацијата на Протоколот за НАТО во Бугарскиот парламент. Нагласена  е одличната соработка меѓу Софија и Скопје во изминатите години, како и напорите на Бугарија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.

— реклама —

Претседателот Талат Џафери нагласи дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата посветено работи за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ и исполнување на неопходните реформи и задачи.

„Свесни сме дека ова не е лесен процес, но со сите сили и капацитети Собранието и Владата работат на постигнување на посакуваната цел“, рече претседателот Џафери.

— реклама —

Тој ја нагласи неопходноста од соработка на сите политички чинители заради исполнување на обврските за добробит на граѓаните и на државата.

Бугарскиот премиер Борисов истакна дека Бугарија е доследна во својата поддршка за Република Северна Македонија, како во 2017 година со потпишување на Договорот за добрососедство и за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година, така и денеска кога Бугарскиот парламент го ратификува Протоколот за НАТО.

Во рамките на дводневната посета, претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна и со заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија и шеф на дипломатијата, Екатерина Захариева. На средбата се нагласени пријателските и добрососедски односи меѓу двете држави. Захариева го изрази задоволството бидејќи Република Бугарија е меѓу првите држави кои го ратификуваа Протоколот за НАТО.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања