Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Џафери: Да ги отфрлиме предрасудите, стереотипите и да ги отвориме умот и срцето за да најдеме повод за обединување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

Почитувани граѓани, припадници на православната вероисповед, Задоволство ми е од име на пратениците на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, да упатам честитки по повод големиот празник,

— реклама —

Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате пред сѐ во добро здравје, во мир, спокој, семејна благосостојба и напредок.

— реклама —

Исправени секојдневно пред предизвици од најразлична природа, како што се економски, здравствени, политички и секако безбедносни предизвици, должност ми е да ја искористам секоја прилика и секој начин за упатување на порака за сплотување на мислите, желбите и изразите на взаемна почит и разбирање на сите наши граѓани, без оглед на етничката, верската, партиската или поделеност по секаква друга основа.

Единствената и најважна цел за сите нас секогаш ќе биде просперитетна и безбедна иднина, за мир во земјава, за еднакво, правично, напредно и пред сѐ, хумано општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок на земјата. Одговорно и совесно, со надминување на рамките кои ни го стеснуваат видокругот, да ги отфрлиме предрасудите, стереотипите и да ги отвориме умот и срцето за да најдеме повод за обединување а не за создавање јазови и раздор. Лесно е да се руши, храброст е да се сочува и надгради создаденото за да трае вечно. Нека водата која е симбол на Богојавление ги однесе сите препреки и тешкотии и нека помогне да со бистар ум и јасна цел донесеме државнички одлуки кои значат живот за Република Сакедонија.

— реклама —

Почитувани граѓани, нека е за многу години празникот!

— реклама —

Талат Џафери

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања