Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Џафери да не го злоупотребува Деловникот, благодарност до вмровските пратениците, власта е делегитимирана се трите заклучоци на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на седницата на Извршниот комитет која е во тек, се донесени три заклучоци поврзани со предложените владини уставни измени во Собранието во однос на актуелната политичка состојба.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Првиот заклучок беше поддршка и благодарност од страна на извршниот комитет за сплотеноста на пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМЕ  кои покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати  уставни измени под диктат од официјална Софија. Втората тема е апел и барање до претставникот на Собранието да не го злоупотребува деловникот, тој е таму на таа позиција за да овозможи да се носат одлуки без разлика дали тие и се допаѓаат или не на власта. Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат и да се види дека  оваа иницијатива е пропаднат проект на СДСМ и ДУИ“, посочи Милошоски.

— реклама —

Третитот заклучок на ИК е дека сегашната власт е делегимирана, а решенито се предвремени парламентарни избори.

— реклама —

„Не нудат решенија создаваат проблеми, излезот е предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се договори со консенуз. Ќе продолжиме и во Собранието со сите демократкси алатки да се трудиме да предизвикаме предвремени парламентарни избори“, рече Милошоски.

Седницата доага непосредно по собраниската седница за уставните измени, на која не се гласаше за потребата за отворање на Уставот.

— реклама —

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања