Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Џафери: Доколку сакаме избори на 12 април, техничка влада мора да се избере до 3 јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dzaferi-talad

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека изборите кои се договорени за 12 април можат да се одложуваат сè додека не бидат распишани.Џафери на денешниот брифинг со новинарите уште еднаш појасни дека за да се одржат изборите на 12 април, крајниот рок за избор на техничката влада е 3 јануари.

Според првиот човек на собранието ако биде избрана техничка влада, малку е веројатно изборите закажани за 12 април да бидат одложени, бидејќи, како што рече, Пржинската влада се формира за да ги одржи изборите и има мандат сè додека се формира новата влада.

— реклама —

Инаку власта и опозицијата се согласиле без блокада да поминат 40 закони во Собранието, кои се врзани со примена од 1 јануари. Џафери очекува  како што кажа истите да бидат изгласани на утрешната седница. Станува збор за закони од областа на финансии, социјала и здравство. Партиите сепак не постигнале договор за законот за одбрана.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања