Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Џафери - Џачка: Македонија е на сигурен пат кон НАТО и добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-19

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со министерката за одбрана  на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка.

— реклама —

На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Албанскиот парламент. Нагласена  е одличната соработка меѓу Тирана и Скопје во изминатите години, како и напорите на Албанија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.

Претседателот Џафери нагласи дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата работи посветено на исполнувањето на неопходните реформи за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

— реклама —

„Свесни сме дека ова не е лесен процес, но Собранието и Владата работат со сите сили и капацитети на постигнувањето на посакуваната цел“, рече претседателот Џафери. Тој ја нагласи неопходноста од соработка на сите политички чинители заради исполнување на обврските за доброто на граѓаните и на државата.

Министерката Џачка упати честитки за храбрите политички чекори за откочување на процесот на евроатлантски интеграции. Таа ја повтори и силната поддршка на Албанија за реформските процеси од нашата ЕУ агенда и понуди размена на искуства од билатерален аспект  за зајакнување на капацитетите. Таа посочи дека нашиот финален почеток треба да се евроатлантските перспективи, подржувајќи се еден со друг, а најдобар пример за ова во моментот е Република Северна Македонија. На овој начин треба да размениме политички пораки меѓу двете земји за полесно да се надминат предизвиците.

Двајцата соговорници кажаа дека стабилноста на земјите на Балканот значи сигурност за земјите во Европа.

Претседателот Џафери упати искрена благодарност за континуираната поддршка на Албанија за нашите аспирации за целосна интеграција во евроатлантските институции и залагањето за зајакнување на владеењето на правото, со надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања