Џафери го дискриминирал Апасиев: Сеа и едно тужбиче гратис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
apasiev-1068x580

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека претседателот на Собранието Талат Џафери извршил директна дискриминација врз пратеникот Димитар Апасиев, кој беше иницијатор на граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање потписи за распишување дополнителен референдум за собраниските заклучоци од т.н. „француски предлог“, објави Република.

— реклама —

Комисијата постапувала по претставка поднесена од Апасиев и оценила дека пратеникот од Левица бил ограничен во остварување на своето политичко право, односно со него се постапувало понеповолно во однос на други лица кои се јавуваат во исто својство, како подносители на граѓански иницијативи.

„Подносителот на претставката тврди дека врз него е сторена дискриминација со тоа што бил ставен во понеповолна положба од останатите граѓани од страна на Џафери во рамки на постапка по предлог барање за поведување на граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво на целата тероторија на Републиката до Собранието“, пишува во образложението на Комисијата која препорачува Џафери во иднина да се воздржи од дискриминација и да ги почитува правата и обврските што произлегуваат од Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание.

— реклама —

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави фотографија од документот од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во нејзинот опис додаде:

„Сеа и едно тужбиче, гратис“.

https://twitter.com/apasiev/status/1633157708365852677?s=20

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања