„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Џафери: Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од претседателот Џафери за 1 Мај. Во честитката се вели:

— реклама —

 -Почитувани граѓани, би сакал од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам Меѓународниот ден на трудот, Први мај.

Први мај ја одбележува борбата за права на работниците и го одржува споменот на жртвите од чикашкиот штрајк поради кој овој датум се одбележува традиционалнo со демонстрации. Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители. Ниту еден економски напредок не може да биде постигнат без најважниот фактор, а тоа е човечкиот труд и потенцијал. Во овие денови исполнети со предизвици и неизвесност предизвикани од Коронавирусот, вредноста на работниците е уште поскапоцена.

— реклама —

Затоа драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам Денот на трудот и да ја искажам мојата поддршка во барањата за остварување на Вашите работнички права, се вели во честитката од Талат Џафери.

фото: Архива

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања