Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Секој кој што има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека до него нема индиции дека има злоупотреби на патните трошоци од страна на пратениците.
Едно прашање во однос на злоупотребите на патните трошоци од страна на пратениците. Повторно гледаме некои податоци дека за само шест месеци одредени пратеници направиле патни трошоци поголеми од 10 илјади евра. Какви механизми за надзор и контрола вие како прв човек на Собранието користите за да го спречите овој тренд?
Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Во постапките веќе не се работи за злоупотреба. Ако веќе констатирате дека има злоупотреба не би требало да го имате овој разговор со мене. Секој којшто има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди. Има државен завод за ревизија, има антикорупциска комисија има јавно обвинителство, коишто под сомнение некој конкретно со име, не може пратениците сега 120 сме ние, под констатација дека вршиме злоупотреба.
Претседателе прашањето повеќе ми беше дали до вас има некаква индиција, некакви сомневања?
Па нема индиција, затоа што според законот определен број на пратеници се изјаснија да користат стан во вредност на она што е пропишано со одлука на соодветна надлежна комисија во собранието. Во таа одлука и во тој закон за оние денови кога пратеникот седи овде, на крајот на неделата кога ќе оди дома во еден правец му следи патен трошок во еден правец за да оди дома. И на почетокот на следната недела кога ќе се врати во станот му следува патен трошок за враќање, значи за четири недели четири дена. Констатацијата дека тоа е злоупотреба е дека сега покрај станот си користи и патни трошоци. Не користат патни трошоци за секое потпишување за секое присуство на седница, затоа што имаат соодветен договор, регулиран со внатрешните процедури, низ која постапка и процедура го користат правото на стан.